Пред неколку дена Роберто Манчини и официјално го презеде кормилото на Зинит, а за засилувања на тимот ќе гледа кон „својата“ Серија А.
Манчини одлично ги познава фудбалерите во Серија А, па медиумите пренесуваат дека сака да донесе тројца фудбалери од Италија – Брозовиќ од Интер, Андреа Конти од Аталанта и нашиот Илија Несторовски.
Несторовски одигра одлична сезона во Палермо, па иако тимот испадна во Серија Б, сепак Несторовски доживеа целосна аформација и го привлече вниманието на многу европски клубови.
Наводно Зенит е подготвен да понуди 10 милиони евра за Македонецот, па сега се чека одговор од Палермо.