Дома Фудбал Англија Манчестер Јунајтед ќе го има вториот најголем стадион во Европа

Манчестер Јунајтед ќе го има вториот најголем стадион во Европа

Домот на Манчестер Јунајтед, „Олд Трафорд“ се очекува наскоро да стане втор најголем стадион во Европа.

Имено, во Јунајтед планираат „Олд Трафорд“ да стигне до бројката од 88.000 седишта и така да биде веднаш зад стадинот на Барселона, „Ноу Камп“. Се очекува зголемување на трибината која го носи името на Сер Боби Чарлтон за дополнителни 7.500 места.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Претходно тоа не беше возможно бидејќи беше потребно рушење на еден тула и неколку куќи, што дополнително ќе ги зголемеше трошоците на клубот.

Со предложеното зголемување „Олд Трафорд“ би бил веднаш зад „Ноу Камп“ кој може да собере 99.354 гледачи.

Во овој момент зад домот на Барса се наоѓаат Вембли (90.000), Крок Парк Даблин (82.300), Твикхам стадионот во Лондон (82.000), Вестфален (81.359), Стад Де Франс (81.388).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Перез веднаш го контактира Винисиус по провокацијата на Симеоне

Реал Мадрид избори пласман во финалето на Шпанскиот Суперкуп откако во полуфиналето во Сау…