Раководството на Манчестер Јунајтед покажува силен интерес за левиот бек на Атлетико Мадрид и француски репрезентативец Лукас Ернандес.
Според „Франс Фудбал“ трансферот на 22-годишниот Французин е приоритет за менаџерот на „црвените ѓаволи“ Жозе Мурињо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, Манчестер Јунајтед ќе има силна конкуренција бидејќи за потписот на Ернандес е силно заинтересиран и Реал Мадрид.
Ернандес е член на Атлетико Мадрид од 2014 година и со „јорганџиите“ ја освои Лига Европа и Суперкупот на Европа оваа година. Притоа, со француската репрезентација стана Светски шампион на Мудијалот во Русија.