Примарна трансфер цел на Манчестер Јунајтед следното лето ќе биде Сергеј Милинковиќ-Савиќ, пренесуваат медиумите на Островот.
Договорот на Погба истекува на крајот на сезоната и се поголеми се шансите да си замине од „Олд Трафорд“ како слободен агент.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека прва желба е Сергеј Милинковиќ-Савиќ, кој игра одлично во дресот на Лацио.
Српскиот репрезнетативец има договор со Лацио до 2024 година, но смета дека сега е вистински момент за чекор напред во кариерата и римскиот клуб нема да му стои на патот.
Манчестер Јунајтед е спремен да ја понуди конкуренцијата и за неговиот потпис ќе понуди 70 милиони евра, сума која се верува дека ќе ги задоволи апетитите на Лацио.