Дома Трансфер зона Манчестер Јунајтед спрема понуда за Пау Торес

Манчестер Јунајтед спрема понуда за Пау Торес

Дефанзивецот на Виљареал, Пау Торес е новата голема трансфер желба на Манчестер Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Торес се етаблираше во еден од најперспективните дефанзивци во Европа и го провлече вниманието на многу европски гиганти.

Торес покажа одлични партии и во Лигата на шампиони, а „црвените ѓаволи“ веруваат дека би бил идеален партнер на Рафаел Варан.

Тој е прва желба на раководството, но се чека конечниот збор да го има новиот менаџер Тен Хаг, па затоа „црвените ѓаволи“ се уште не испратиле официјална понуда.

Виљареал за неговата слобода бара 50 милиони евра, сума која нема да биде проблем за Манчестер Јунајтед.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…