Дома Топ вести Манчестер Јунајтед се вклучи во трката по Чилвел

Манчестер Јунајтед се вклучи во трката по Чилвел

Левиот бек на Лестер Бен Чилвел, е голема желба на Челзи, а сега во трката за неговиот потпис се приклучи и Манчестер Јунајтед.

Но, трансферот воопшто нема да биде ефтин, бидејќи се проценува дека Чилвел има поголема вредност од Магваер, за кој минато лето Манчестер Јунајтед плати 87 милиони евра.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Сепак, поради финансиските загуби од пандемијата, Лестер е спремен да го  пушти Чилвел доколку пристигне понуда од 60 милиони фунти.

Челзи важеше како фаворит за потписот на Чилвел, но после скапиот трансфер на Тимо Вернер „сините“ не се во можност да потрошат голема сума за ѕвездата на Лестер.

Тоа сака да го искористи Манчестер Јунајтед и да го „украде“ играчот пред носот на големиот ривал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Уште еден голмански кикс во ПМФЛ – не се прослави поранешниот младински репрезентативец! (Видео)

Денешната фудбалска програма во Македонија беше отворена со еден голем кикс на голманот на…