Во последно време многу се пишува за Роналдо и можноста да замине од Јувентус. Наводно, „старата дама“ сака да се ослободи од Португалецот поради неговата голема плата.
Неодамна „ЕСПН“ и голем дел од англиските медиуми објавија дека Роналдо би можел да се врати во Манчестер Јунајтед.
Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Сега англиските медиуми од извори блиски до клубот пренесуваат дека Манчестер Јунајтед не е заинтересиран за Португалецот и таков трансфер сигурно нема да се случи.
Роналдо играше на „Олд Трафорд“ од 2003 до 2009 година, каде ја доживеа фудбалската афирмација, но „црвените ѓаволи“ не се заинтересирани за фудбалер кој има 35 години и кој заработува 31 милион евра по сезона.