Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед и Барселона се заинтересирани за играчот на Рома, Алесандро Флоренци.
Флоренци веќе подолго време е мета на шпекулации дека може да го напушти „Олимпико“, но до сега не стигнала конкретна понуда до Рома за него.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пренесува дека Манчестер Јунајтед и Барселона се спремни да исптатат понуда следното лето.
Рома има проблеми со Финансискиот фер-плеј и сигурно ќе продаде една своја ѕвезда во летниот преоден рок, а доколку не се пласира во Лигата на шампиони веројатно неколкумина фудбалери ќе го напуштат „Олимпико“.
Интересот за Флоренци е голем бидејќи станува збор за поливалентен играч, а покрај споменатите две екипи за неговиот потпис заинтересирани се уште Челзи и Атлетико Мадрид.