Денес Ерик Тен Хаг и официјално беше промовиран во нов тренер на Манчестер Јунајтед.
На промоцијата Холанѓанецот најави дека доаѓа со цел да го врати клубот онаму каде што припаѓа. Тен Хаг и вчера беше на „Олд Трафорд“ и го гледаше поразот од Кристал Палас, а по неговата реакција можеше да се забележи дека е незадоволен од ситуацијата. (тука)
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Дека знае со што се соочува во Јунајтед потврди и на промоцијата.
„Со нетрпение чекам да почнам да работам во клуб кој има ваква историја. Нашата цел ќе биде да го вратиме Јунајтед онаму каде што припаѓа. Ситуацијата во клубот не е добра, но мора да ја прифатиме, меѓутоа не треба и да се заборави дека овој тим беше втор пред една година. Потенцијал има и ќе треба да го извадиме на површина.
„Се работи за долг процес и ќе треба време, но верувам дека можеме да дојдеме до успех. Ќе работиме напорно и ќе ја базираме нашата игра на вистинска филозофија и стратегија“, изјави Тен Хаг.