Приоритет на Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок ќе биде доведување на врвен дефанзивец.
Италијанските медиуми пренесуваат дека Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Фиорентина, Никола Миленковиќ.
Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓
Србинот на лето ќе влезе во последната година од договорот, па Фиорентина ќе мора да го продаде, а за неговата слобода бара 35 милиони евра.
Манчестер Јунајтед е спремен да ја плати таа сума и сака да ја победи конкуренцијата, бидејќи за Миленковиќ интерес има од Милан и Јувентус.
Солскјер и минатото лето го сакаше Србинот и верува дека Миленковиќ може да биде „новиот Видиќ“ на Олд Трафорд.