Ѕвездата на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Пеп Гвардиола, пишуваат англиските медиуми.
Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и „фармацевтите“ ќе направат се за да го задржат.
Меѓутоа, Сити ова лето најверојатно ќе остане без Де Брујне, па нема да жали пари да го доведе Германецот на „Етихад“.
Пеп Гвардиола е уверен дека Вирц би бил одлично засилување за „граѓаните“ и подготвен е да ја плати 130 милиони евра.