Дома Фудбал Англија Манчестер Сити се огласи после одлуката на УЕФА

Манчестер Сити се огласи после одлуката на УЕФА

Манчестер Сити е исфрлен од УЕФА натпреварувањата во наредните две години и е казнет со дополнителни 30 милиони евра поради кршење на финансискиот фер плеј.

УЕФА оваа одлука ја соопшти денеска, а тимот од Манчестер веднаш излезе со соопштение во кое очекувано искажаа големо разочарување.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


„Манчестер Сити е разочаран, но не е изненаден од денешната одлука на УЕФА. Во декември 2018. година истражителите во УЕФА јавно ги најавија санкциите за клубот, пред истрагата воопшто да започне. УЕФА покрена истрага, ја спроведе и судеше Клубот поднесе приговор поради сите случувања и жалба до дисциплинската комисија во УЕФА, а после оваа одлука ќе се покрене и постака за жалба до Арбитражниот суд за спорт во Лозана.“ – соопштија од Сити.

Во случај одлуката на УЕФА да остане на сила, Сити нема да го гледаме во наредните две сезони во ЛШ, што секако ќе биде голем удар за овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јунајтед му нуди трампа на Милан, го сака Мењан

Манчестер Јунајтед по секоја цена бара сега друга опција за голманската позиција и најнова…