Сопственикот на Манчестер Сити, Калдун Ал Мубарак категорично ги демантираше шпекулациите за заминување на првата ѕвезда на тимиот, Серхио Агуеро.
Пред една година ваквите шпекулации беа незамисливи, но со доаѓањето на Пеп Гвардиола на клупата на „граѓаните“ Аргентинецот го загуби статусот на „недопирлив“.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Агуеро на неколку натпревари беше оставен на клупата за резерви, па веднаш започнаа шпекулациите за негово евентуално заминување.
„Апсолутно никогаш не постоеше сомнеж. Читав многу шпекулации за тоа, но тоа е навистина смешно. Агуеро е еден од најдобрите фудбалери на светот, а ние како клуб кој има аспирации да освојува титули, мораме да го имаме Агуеро во тимот“, изјави сопственикот Ал Мубарак.