Манчестер Јунајтед излезе како победник во градското дерби, откако со 2:0 славеше над Манчестер Сити.
Сити подобро го отвори мечот и ја имаше првата голема шанса, но Де Геа со одлична интервенција го одбрани ударот на Стерлинг.
ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓
Јунајтед во неколку наврати спорадично се закануваше, а во 30-та минута после еден слободен удар Фернандеш буквално го спои со голот Марсијал, на кого не му беше тешко да го совлада Едерсон.

Второто полувреме започна со голема грешка на Едерсон, а Марсијал за милиметри не успеа да ја казни грешката на голманот.
Потоа Сити со сите сили тргна кон израмнување, а Јунајтед се закануваше главно преку контранапади. Меѓутоа, „граѓаните“ беа „старилни“ во нападот и не успеаа да избегнат пораз.
Буквално во последните секудни Едерсон направи нова голема грешка и му ја даде топката во нозете на Мектомини, кој ја смести во празната мрежа.