Дома Фудбал Останато Мануел Пелегрини ги остава кинеските милиони и се враќа во Европа?

Мануел Пелегрини ги остава кинеските милиони и се враќа во Европа?

Чилеанецот Мануел Пелегрини од наредната сезона повторно би можел да работи на европско тло.

Поранешниот менаџер на Манчестер Сити во овој момент работи во Кина каде што го води тимот на Хебеи Фортун, но шпанските медиуми пишуваат дека тој би можел да ги остави кинеските милиони и да седне на клупата на Севиља.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Главната улога во целата приказна би можел да ја има Антонио Кордон кој со Пелегрини се познава уште од времето кога соработуваа во Виљареал, а токму тој би требало наскоро да биде промовиран во нов директор на шпанскиот клуб.

Да потсетиме, Пелегрини во Шпанија освен Виљареал имаше прилика да ги води уште Малага и Реал Мадрид.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Регионов не видел ваков нокаут: Шампионот „заспа“ при првиот удар (Видео)

Иван Сичаја претрпе навистина тешок нокаут во Стожице на FNC 29 настанот. Него брутално го…