Дома Фудбал Останато Мане не сака да шутира пенали до крајот на Афричкиот куп на нации

Мане не сака да шутира пенали до крајот на Афричкиот куп на нации

Репрезентацијата на Сенегал синоќа со минимални 1:0 го совлада Уганда во осмина финалето од Афричкиот куп на нации и избори пласман во следната фаза.

Победничкиот гол беше дело на најдобриот играч на Сенегал, Мане во 15. минута од натпреварот. Мане имаше прилика во 61. минута да обезбеди помирна завршница за својата селекција, но не го искористи пеналот.


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Тоа беше втор пенал кој овој играч го промаши на овогодишниот куп, откако што истото го направи и во победата над Кенија во групата. Мане во моментов има постигнато три гола, иако сигурно не игра на најдобро ниво, а пеналите особено го мачат. Така Мане одлучи до крајот на турнирот повеќе да не ги изведува.

„Мора да размислувате за екипата. Екипата ми даде прилика три пати, а ја промашив два. Нема да се откажам, но сакам да им дадам прилика на другите во текот на овој куп. А потоа, кога ќе се вратам во клубот, ќе работам на тоа да се вратам на вистински начин кога станува збор за пеналите“, изајви Мане.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Очекувано: Јамал е „Златното момче“ за 2024 година

Ѕвездата на Барселона, Ламин Јамал е добитникот на наградата „Златно момче“ за 2024 година…