Садио Мане неодамна го комплетираше трансферот во Баерн Минхен, а сега го даде своето прво интервју за „Билд“.
Сенегалецот е среќен што ќе игра за Баерн и призна дека Баварците и порано покажувале интерес за него.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Еден од германските новинар го праша Мане за ситуацијата на Левандовски и дали смета дека Полјакот треба да остане во Минхен.
„Левандовски? Секако, тој е еден од најдобрите напаѓачи во светот, но јас не сум вистинската личност да ја коментирам иднината на Роберт“, изјави Сенегалецот.
„Отсекогаш сум му се восхитувал на овој клуб. Го следам Баерн уште од мојот период во Салцбург, но тогаш немаше услови за трансфер. Сега доаѓам во тимот со поголемо искуство. Ова е ситуација во која сите победуваат“, додаде Мане.