Дома Фудбал Англија Ман.Јунајтед – Ман.Сити: Дерби кое ќе ја одлучи сезоната во Премиер лигата

Ман.Јунајтед – Ман.Сити: Дерби кое ќе ја одлучи сезоната во Премиер лигата

Солскер очигледно неможе да се носи со притисокот. По неговиот одличен старт на тренерското место, сега тој и неговиот тим никако неможат да излезат од сивилото во кое се наоѓаат. Тимот игра катастрофално и на последните 8 меча има дури 6 порази. Испаднаа од Лигата на Шампиони и ги губат и шансите за пласман во тоа натпреварување следната сезона.

Со пораз на овој меч ќе бидат уште подалеку од таа цел, а тимот тешко дека ќе може да се врати по катастрофата и поразот од 4:0 од Евертон, токму против Сити. Гостите пак се во мртва трка за титулата со Ливерпул. Ако слават победа ќе му побегнат за еден бод на својот конкурент. Сити ќе нападне и во тоа нема дилема, но ова е дерби и не секогаш одлучуваат моменталната форма и квалитетот. Треба да бидете претпазливи со типувањето иако речиси се е на страната на Сити.

Солскер ја презема одговорноста за лошите резултати


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Шефот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскер, беше принуден да се извини на навивачите на клубот за дебаклот од 4:0 во неделата против Евертон на Гудисон Парк. Јунајтед сега е во серија од шест порази од своите осум натпревари во сите натпреварувања и е шести во Премиер Лигата по нивниот најголем пораз во сите конкуренции од октомври 2016 година.

Евентуалниот следен пораз на Јунајтед кој ќе биде петти во последните шест меча во Премиер Лигата за прв пат од 1981 година – ги остава да се соочат со можноста да не обезбедат пласман во Лигата на шампионите следната сезона. Поради сето ова, веќе многумина се сомневаат во можностите на Солскер. Неговиот тим беше катастрофален и не покажа ни срце ниту борбен дух за да си замине од Мерсисајд со достоинство во тој очаен ден.

Норвежанецот тврдеше дека донесувањето на погрешни одлуки на неговите играчи е поради нивниот голем замор. Затоа, се очекува во среда Солскер да направи неколку значајни промени во првите 11.

Сити испадна од ЛШ и сега мора до титула во Премиер Лигата

Манчестер Сити стигна до 10 последователни победи во Премиер лигата во саботата. Тогаш граѓаните се вратија од шокот и елиминацијата во четвртфиналето на Лигата на шампионите против Тотенхем. А токму против Спарси дојде и десеттата победа во низа и тоа со 1:0 на Етихад. Голот го постигна младиот талент Фил Фоден по само пет минути игра и обезбеди одржување на притисокот врз Ливерпул.

Сепак и покрај победата видовме еден нервозен настап на Сити. Фудбалерите на Пеп Гвардиола се потпреа на голманот Едерсон кој имаше неколку клучни и извонредни одбрани. Но квалитетите кои можат да донесат шампионска титула – концентрација, решителност, срце, отпорност и карактер повторно можевме да ги видиме.

Победата сепак имаше одреден данок за Манчестер Сити кој го загуби клучниот играч од средниот ред Кевин де Брујн кој повторно се повреди. Малку веројатно е дека тој ќе се појави на теренот до крајот на оваа сезона. Затоа Фернандињо најверојатно ќе се врати во првиот тим, откако започна на клупата на последните два меча. во секоја од последните две излети. Лерој Сане и Давид Силва се надеваат дека исто така ќе се вратат во првиот тим.

Веројатни состави:

Манчестер Јунајтед: Де Геа, Јанг, Смолинг, Линделоф, Шоу, Ерера, Матич, Погба, Санчез, Рашфорд, Лингард.

Манчестер Сити: Едерсон, Вокер, Стоунс, Б.Силва, Фернандињо, Д,Силва, Стерлинг, Агуеро, Сане.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ливерпул тргнува по Де Јонг

Ливерпул е силно заинтересиран за играчот за врска на Барселона, Френки де Јонг и на лето …