Дома Фудбал Англија Ман.Сити – Ливерпул: Дерби кое ќе го одреди текот на Премиер лигата

Ман.Сити – Ливерпул: Дерби кое ќе го одреди текот на Премиер лигата

Манчестер Сити е домаќин на Ливерпул во дербито на викендот во англиската Премиер Лига. Ова е меч кој е од огромна важност за двете екипи, меч кој ќе даде одговори на многу прашања и дуел кој ќе ни покаже кој е поблиску до титулата сезонава во Англија.

Многу важен меч за двете екипи

Досега непредвидливата природа на сезоната 2020-21 значи дека ова не е битката помеѓу екипи од првите две места на табелата на што се навикнавме да ја гледаме меѓу овие две екипи во последните години, но тие остануваат фаворити за титулата во Премиерлигата, па дури и во оваа фаза од сезоната.


Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓


Победа за Ливерпул ќе значи осум бода повеќе од Сити, нешто што и тоа како ќе им ја олесни сезоната. Тоа ќе биде значителен јаз за да се надополни, особено што сезонава во Англија аутсајдерите постојано изненадуваат.

Спротивно на тоа, победата на домашен терен во целост ќе ги врати надежите на Сити. Тие би се доближиле на два бода од тимот на Јирген Клоп што воопшто нема да биде лошо, со оглед на тоа што поминаа низ еден тежок и разочарувачки почеток на сезоната.

Изгубените бодови кај Лидс и Вест Хем, како и нивниот пораз на домашен терен од Лестер Сити со 2:5 беа катастрофални за нив, но ниту Ливерпул не беше имун на ваквите падови – особено поразот од Астон Вила со 7:2.

Нападот на Сити не функционира најдобро

Ман Сити е без пораз на осум натпревари во сите натпреварувања и ги освои последните три без да прими гол, а пред неколку дена славеше над Олимпијакос со 3:0 на домашен терен во Лигата на Шампиони.

Тоа е прв пат од септември минатата година Манчестер Сити да ја зачува својата мрежа на три последователни дуели во серија, додека од поразот од Лестер со 2:5 тие само трипати примија гол на осумте натпревари.

Од друга страна, се чини дека нападот не функционира најдобро сезонава, па тие на шесте натпревари во Премиер Лигата сезонава дадоа само за нив скромни девет гола. Тоа е низок сооднос на головите по шест меча уште од сезоната 2009 година.

Пеп Гвардиола реално имаше проблем со напаѓачите. Не можеше да смета во неколку наврати на Агуеро, на Габриел Хесус, но Сити има замени за нив. Проблем повторо за Пеп е тоа што и на овој меч нема да може да смета на Агуеро.

Клоп бара решенија во одбраната без Ван Дијк

Тоа ќе дојде како добредојдена вест за тимот од Ливерпул, кој има примено неверојатни 15 голови веќе по седум натпревари – колку што тие примија на своите први 26 натпревари во лигата минатата сезона и најмногу што примија во оваа фаза уште од сезоната 1964-65 година.

Клоп уште еднаш го означи патувањето на „Етихад“ како еден од најголемите дуели сезонава за неговите фудбалери. Слично како и Сити, така и Ливерпул брзо се врати по оној неверојатен пораз од Астон Вила со 7:2, па имаше реми и две победи во серија во Премиер Лигата. Во меѓу време тие славеа на трите дуели во Лигата на Шампиони па се во серија од пет победи по ред.

Загриженоста за „црвените“ е одбраната која повторно ќе биде без Ван Дијк, но Клоп и фудбалерите ќе мора да се навикнат без него во наредниот период. На негово место Клоп проба со неколку варијанти, со Нат Филипс и Рис Вилијамс, а проба и со Фабињо кој од средината е повлечен во одбраната.

Диого Јота беше sвездата против Аталанта во Лигата на Шампиони пред неколку дена со хет-трик во победата од 0:5, но тоа беше уште еден меч без примен гол со Рис Вилијамс како бек, што можеби најмногу му се допадна на Клоп.

Можен почетен состав на Манчестер Сити:

4-3-3 – Едерсон; Вокер, Дијас, Лапорте, Кансело; Де Брујн, Родри, Гундоган; Махрез, Хесус, Стерлинг

Можен почетен состав на Ливерпул:

4-2-3-1 – Алисон; Александар-Арнолд, Матип, Гомез, Робертсон; Хендерсон, Вајналдум; Салах, Фирмино, Мане; Јота

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дамата ги нагости граѓаните, Милан едвај, Барса го освои Дортмунд

Јувентус запиша голема победа и ја продолжи агонијата на Гвардиола, Милан едвај дојде до п…