Eден од најмоќните и најконтроверзни луѓе во хрватскиот фудбал, Здравко Мамиќ ја коментираше сензационалната победа на Динамо Загреб против Челзи во ЛШ.
Динамо Загреб има голем успех против англсиките клубови, а се уште се памети големата победа против Тотенхем од 3:0 во Лига Европа.
Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓
Мамиќ го искористи тоа да ги „пецне“ англиските клубови и им порача дека имаат среќа што Динамо не игра во Премиер лигата.
„Динамо 2:1 Арсенал, Динамо 3:0 Тотенхем Хотспар, Вест Хем Јунајтед 0:1 Динамо, Динамо Челзи 1:0. Среќа што Динамо не игра во Премиер лигата!“, напиша Мамиќ на Фејсбук.
Мамиќ е осуден на шест и пол години затвор за извлекување 117 милиони куни (16 милиони евра) од Динамо Загреб, со што ја оштетил државата за речиси два милиони евра.
Ден пред изрекувањето на пресудата, Здравко Мамиќ ја напушти Хрватска и избега во Херцеговина, каде што живее во егзил.