Дома Фудбал Англија Малиот херој од епскиот пресврт на Ливерпул против Барселона повторно привлече внимание

Малиот херој од епскиот пресврт на Ливерпул против Барселона повторно привлече внимание

Се играше 80-тата минута од неверојатниот реванш во полуфиналето од Лигата на шампионите помеѓу Ливерпул и Барселона. Ливерпул сензационално успеа да надополни 3:0 од првиот натпревар.

Четвртиот гол во тој натпревар Ливерпул го постигна откако доби корнер кој Арнолд брзо го изведе и го пронајде Ориги кој ја погоди мрежата.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Навивачите на Ливерпул ја славеа брзата реакција на Арнолд и големата смиреност на Ориги, но следниот ден се појави и уште еден херој на Ливерпул во подвигот на „црвените“.

Окли Каноиер е 14 годишно момче и член на академијата на Ливерпул. Тој во натпреварот против Барселона беше собирач на топки и токму тој брзо му ја додаде топката на Арнолд.

Приказната за младиот Каноиер не застана тука. Ова момче играза екипата на Ливерпул до 16 години, а сега доби шанса и за настап во конкуренцијата до 18 години. Каноиер во конкуренција на фудбалери четири години постари од него успеа да постигне гол и да биде еден од најдобрите на теренот во победата против Бартон од 4:0.

https://www.youtube.com/watch?v=16y8CZ3oEDs

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Де Лаурентис сака да го награди Конте со нов договор

Претседателот на Наполи Аурелио Де Лаурентис планира да му понуди нов договор на тренерот …