Синот на легендарниот напаѓач, Џастин Клајверт направи нешто за кое навистина заслужува почит.
Талентираниот крилен напаѓач на Рома, Џастин Клајверт ја образложи својата одлука поврзана со изборот за бројот кој ќе го носи следната сезона.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Моите молитви и бројот на дресот се за тебе, пријателу и брату кој ме научи многу“, напиша на својот Инстаграм „малиот“ Клајверт.
Новиот фудбалер на Рома го избра бројот 34 кој го носеше поранешниот фудбалер на Ајакс, Абделахар „Апи“ Нури.
Веројатно се сеќавате дека се работи за млад фудбалер кој кариерата ја заврши после страшните компликации кои следеа после неговиот колапс на теренот.
Апи Нури кон почетокот на јули минатата година колабираше на теренот во текот на пријателскиот натпревар против Вердер. Од Ајакс прво известија дека ситуацијата е стабилна, но потоа ситуацијата се искомплицира и доживеа тешко оштетување на мозокот.