Уште еден дефанзивен фудбалер на Ливерпул се повреди, а станува збор за 19-годишниот Рис Вилијамс.
Вилијамс се пожалил на болки во бутниот мускул, па го напуштил кампот на младата англиска репрезентација.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Медиумите пренесуваат дека не станува збор за сериозна повреда, но играчот ќе се врати во клубот и ќе бидат направени детални прегледи.
Како што е познато, Ван Дајк и Џо Гомез се со тешки повреди и ќе паузираат неколку месеци. Повреден е и Фабињо, а под знак прашалник е и Робертсон.
Добрата вест за Клоп е што Матип е спремен за игра, па во следниот меч најверојатно негов партнер ќе биде Натаниел Филипс, кој не е пријавен во Лигата на шампиони.