Дома Фудбал Италија Малдини: Јас не бев дел од преговорите за Суперлига, но им се извинувам на фановите

Малдини: Јас не бев дел од преговорите за Суперлига, но им се извинувам на фановите

Директорот на Милан, Паоло Малдини им се извини на навивачите за одлуката клубот да се приклучи кон Суперлигата.

Малдини потврди дека не бил дел од преговорите и дека одлуката Милан да се приклучи во Суперлигата била донесена од повисоки ешалони на клубот.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Јас не бев дел од преговорите за формирање на Суперлигата. Дознав за тоа во неделата вечерта кога излезе соопштението од страна на клубовите. Тоа беше одлука на луѓето на повисоко ниво од клубот. Тоа не значи дека немам своја одговорност, поради што им се извинувам на навивачите, не само на тие од Милан, туку на сите кои почуствуваа дека беа прекршени основните принципи на фудбалот“, изјави Малдини.

„Како директор на голем клуб знам дека приходите се многу важни, бидејќи даваат стабилност. Затоа треба да научиме од оваа ситуација дека некои работи треба да се променат“, додаде Малдини.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Модриќ откри без кој човек никогаш не би потпишал за Реал Мадрид

Лука Модриќ, еден од најдобрите средни играчи на светот, повторно привлекува внимание. Ова…