Италијанскиот гигант Милан за нов тренер вчера го именуваше Стефан Пиоли.
Серијата лоши резултати доведе до тоа Росонерите да го отпуштат Марко Џампаоло, а иако во оптек имаше неколку имиња, управата на клубот се одлучи за Пиоло кој потпиша двегодишен договор. Пиоло стана деветтиот тренер на Милан во последните пет години, а во клубот веруваат дека со неговото назначување направиле добар потег.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Именувањето на тренерот Пиоли не е коцка. Не сакаме да ја отпишеме тековната сезона, сакаме да бидеме релевантни во првенството. Останаа уште 31 натпревар. Можеме да играме многу подобро отколку сега“, изјави техничкиот директор на клубот, Малдини.
По седум одиграни натпревари Милан во Серија А се наоѓа на 13. место.