Дома Топ вести Малага го доби андалузиското дерби

Малага го доби андалузиското дерби

Екипата на Малага ја победи Севиља со 4-2 андалузиското дерби натпревар со кој беше комплетирано 35.коло на шпанската Примера.

Стрелци на головите за домачините беа: Пабло Форналас (38.минута), Сандро РАмирез (51), Диего Љоренте (77) и Хуан Карлос (89). Двата гола за гостите ги постигна Италијанецот, Франциско Васкез (30 и 57).

Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


По овој пораз Севиља остана на три бода помалку од трето пласираниот Атлетико Мадрид, но и само на пет повеќе од Виљареал кој се надева на четвртата позиција на табелата која носи пласман во квалификациите за Лигата на шампиони.

Малага направи скок од две позиции и сега е четиринаесета со 42 бодови.

До крајот на првенството во Шпанија остануваат уште три кола.

Табела: Барселона 81 бодови, Реал Мадрид 81 (-1 натпревар помалку), Атлетико Мадрид 71, Севиља 68, Виљареал 63, Атлетик Билбао 62, Сосиедад 61.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Милан спрема понуда за Киеза

Минатото лето, Федерико Киеза направи трансфер во Ливерпул, но сега изгледа дека брзо ќе с…