Во 2010 година Макси Родригез од Атлетико Мадрид направи трансфер во Ливерпул во јануарскиот преоден рок.
Сега, 10 години Родригез откри дека тој трансфер се реализирал затоа што кога зборувал со Бенитез го излажал.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Како направив трансфер во Ливерпул? Тоа беше смешна приказна. Беше Божиќ, а јас имав договор со Атлетико. Како и секој Божиќ седев дома со семејството. Тогаш добив повик од мојот агент кој ми кажа дека Рафа Бенитез сака да разговара со мене. Бенитез ми се јави, ми ја кажа понудата и ми даде 48 часа да му кажам дали прифаќам или не. Убаво ми беше во Атлетико бев капитен…Меѓутоа англискиот фудбал за мене беше предизвик и му кажав дека прифаќам“.
Потоа следувал моментот кога Родригез го излажал Бенитез.
„Рафа ми постави неколку прашања и ми кажа дека сите во екипата сите мораат да знаат англиски јазик и дека тоа е многу важно. Јас му одговорив да биде без грижа. Дојде прес-конференцијата, се собраа новинарите. Пред самиот почеток Бенитез ми дошепна, јас ќе почнам прв, а ти продолжи. Тогаш јас му возвратив. „Г-дине Бенитез, сега морам нешто да ви кажам, јас не знам ниту еден збор англиски. Тој само прозборе „ти кучкин сине“ и ми се насмеа. На крајот сепак се добро се заврши и го потпишавме договорот. Паралелно додека бев во Ливерпул учев и англиски“, откри Родригез.