Дома Фудбал Навивачите на Евертон го навредуваат Бенитез и бараат да си замине

Навивачите на Евертон го навредуваат Бенитез и бараат да си замине

Eвертон за викендот беше поразен од Кристал Палас со 3:1, а овој пораз ја продолжи кризата во редовите на „карамелите“.

Долго време стратегот Рафа Бенитез е мета на критики, а фановите испраќаат и навреди кон Шпанецот.

На натпреварот против Кристал Палас навивачите го нарекуваа Бенитез „дебел шпански келнер“.

Сезонава Евертон игра далеку од очекувањата и со 18 освоени бодови овој тим се наоѓа на 14. позиција на табелата. Поради тоа Бенитез е под притисок и не би било изненадување ако наскоро и добие отказ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Вардар бара одговор во одбраната, Диабате сè уште чека доверба

Отсуството на Филип Најдовски не му отвори место на Сирику Диабате против Струга. По два п…