Клод Макелеле е еден од поомилените играчи низ историјата, тој во Реал Мадрид се задржа ти години.
Летото 2003 година Макелеле направи трансфер од Реал во Челзи и неговото доведување се покажа како полн погодок за „сините“. Макелеле сега откри како дошло до тоа да си замине од Мадрид.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Имав желба да останам и да потпишам нов дговор. Мојот агент разговараше со Флорентино Перез, меѓутоа ни беше кажано дека откако клубот го купи Бекам нема пари. Разговарав и со Дел Боске (беше тренер на Реал во тоа време) му кажав дека Перез ми вети некои работи и сега зборува нешто друго. Дел Боске ми одговори дека ќе види што може да направи. И навистина тој отиде кај Флорентино и му кажа: „Поправете ја ситуацијата со Клод, тој е многу важен за нас кога тој не игра имаме проблеми во средината“. Дел Боске се држеше до својата приказна му објаснуваше и дека можам да бидам лидер во соболекувалната, но Перез не му веруваше“.
Потоа Макелеле имал средба со спортскиот директо Хорхе Валдано.
„Валдано дојде и неговиот однос воопшто не беше добар, немаше почит. Дојде и агрисивно ми кажа: „Што се замислуваш ти. Во Реал треба да играш бесплатно, а не да правиш проблеми“. Тогаш ми порача и дека ако сакам да заминам да најдам клуб кој за мене ќе плати 15 милиони евра. Пет клуба испратија понуда до Реал, јас ја избрав онаа на Челзи“, раскажа Макелеле.