Женската ракометна репрезентација претрпе и втор пораз од селекцијта на Украина и остана без пласман на Светско првенство.
Денешниот меч беше рамноправен само во првите 15 минути, а потоа Украина повторно ни покажа дека во моментов немаме квалитет да играме на Мундијал.
Веќе во текот на првото полувреме противникот стекна двоцифрена предност, која ја одржуваше до крајот за победа со убедливи 31-22.
Леонида Гичевска беше главно име во нашиот состав со девет гола, пет постигна Сара Ристовска.