Дома Македонски спорт Македонските одбојкари со најдобар пласман во историјата!

Македонските одбојкари со најдобар пласман во историјата!

Македонската машка одбојкарска репрезентација го оствари најдобриот пласман во историјата, откако на најновата ранг листа на ЦЕВ, скокна две места и сега е 21 одбојкарска сила во Европа.

Благодарение на одличниот настап на Европското првенство на кое остваривме важни победи и бевме на чекор од нокаут фазата, Македонија направи скок од две места и сега сме на 21-то место во Европа.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


На врвот на листата е Србија која го освои златниот европски медал, а зад неа е шампионот во Лигата на нации, селекцијата на Русија. Во Топ 5 се уште и репрезентациите на Полска, Франција и Италија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Престон Лајонс убедливо го совлада Вардар во Скопје (Видео)

Фудбалскиот клуб Вардар денеска одигра пријателски натпревар во Скопје против австралискио…