Дома Фудбал Репрезентации Македонските навивачи нема да можат да влезат во Холандија

Македонските навивачи нема да можат да влезат во Холандија

Македонија во недела го започнува Европското првенство, а првиот натпревар го играме против Австрија воБукурешт. Вториот исто така ќе се игра во Букурешт, а противник ќе биде селекцијата на Украина.

Македонските навивачи кои дојдоа до билети нема да имаат проблем да присустуваат на овие два натпревари, но ќе биде проблем третиот кој го играме во Амстердам против домаќинот Холандија.

Кој ќе победи во Beer Pong - Лига на Шампиони


Во Холандија на сила е забраната за влез на граѓани од трети земји, а Македонија не е на зелената листа на оваа држава. Ова значи македонските навивачи нема да можат во живо да го гледаат овој дуел.

Ваквата информација вчера вечер ја објави холандската амбасада во нашата земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

ФФМ одреди популарна цена на влезниците за натпреварот со Казахстан!

Фудбалската федерација на Македонија денеска одржа седница на Управниот одбор на која беа …