Македонската репрезентативка Наташа Нолевска доби суспензија од 16 месеци поради користење на недозволена лекарска терапија на клиника во Романија. Нолевска е една од 17-ракометарки кои се најдоа на списокот суспендирани.
Нолевска има 24 години и за време на оваа допинг афера која го стресе ракометот во Романија беше дел о Корона Брашов. Инаку Нолевска е помеѓу ракометарките кои добија најблага казна, најтешко помина докторот Мариус Капра кој со спорт нема да смее да се занимава во наредните четири години.
Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст
Казна заработи и техничкиот директор Маријана Тарка, таа е суспендирана на две години.
Казните за сите во случајот почнуваат да се сметаат од 25. ноември кога започна целиот случај.