Подмладената македонска репрезентација уште еднаш покажа карактер и со пресврт стигна до нова победа против Кувајт (22:21).




Македонија пред неколку дена убедливо го совлада Кувајт, а денес во Маврово мечот се одвиваше на поинаков начин.




Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Кувајт водеше во текот на целиот меч, а на одмор заминавме со негатива од 11:12. На стартот на вториот дел гостите ја зголемија предноста, па Македонија цело време бркаше негатива.




Во последната минута имавме негатива од еден гол, но со два брзи гола успеавме да стигнеме до победата (22:21).
