Дома Македонски спорт Македонија натпреварите во Букурешт може да ги игра и пред 25.000 гледачи?

Македонија натпреварите во Букурешт може да ги игра и пред 25.000 гледачи?

Македонската репрезентација според сегашниот план на УЕФА кој се уште не е променет, првите два натпревари ќе ги игра на Националната арена во Букурешт.

Во Букурешт ќе играме со Украина и Австрија, додека третиот натпревар нашата селекција треба да го игра против Холандија во Амстердам. Тие два натпревари во Букурешт Македонија би можела да ги игра пред 25.000 гледачи.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


Претседателот на Фудбалската федерација на Романија, Разван Бурлеану потврди дека имаат договор за 25% гледачи од капациетот на Арената, а доколку ситуацијата се подобри процентот може да биде и 50%.

„Разговаравме со Владата и договорено е натпреварите на Евро 2021 да се играат пред 25% гледачи. Во случај ситуацијата да се подобри таа бројка може да биде зголемена и до 50%. Ќе ја следиме ситуацијата“, изјави Бурлеану.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Македонски спорт

Проверете

Во РК Вардар пристигна засилување – „Mozzart“ нов спонзор на клубот

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар 1961 во актуелната сезона е лидер во машкат…