Македонија славеше и по вторпат во рамки на СП за ракометари до 21 година во Алжир.
Денешниот противник беше решен без проблеми за избраниците на Илија Темелковски кои против Буркина Фасо славеа со резултат 20:48.
Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст
Првото полувреме со одлична доминација од самиот старт, Македонија го доби со 8:23, а се чини опуштеноста во тимот следеше во вториот дел сосема оправдано. И покрај тоа што во еден момент Буркина Фасо успеа да дојде со резултат 12:26, нашата репрезентација брзо се врати и рутински ја мина и втората пречка славејќи на крајот со високи 28 разлика.
Во рамки на третиот меч, утре Македонија на мегдан ќе ја има селекцијата на Тунис.