Вчера репрезентацијата на Македонија запиша победа над Словенија со резултат 2:1.
Своја вечера на арената „Тодор Проески“ имаше Елиф Елмас кој постигна два гола. Веќе во недела селекцијата на Македонија ја чека нов испит и веројатно потежок – Полска на гости.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Со овој триумф се изедначивме со Словенија на третата позиција и имаме по 11 бода, додека пред нас се Австрија и Полска со 13, односно 16.
Што ни е потребно, какви ни се шансите за пласман на ЕП?
До крајот не очекуваат уште три натпревари, Полска (на гости), Австрија (на гости) и Израел (дома).
Кога ќе ја погледнеме табелата е јасно дека потребно е ние да освоиме седум бода во овие натпревари, а Австрија да освои четири. Таа поедноставната, додека има можност со две победи, односно се шест бода (пораз од Полска, победи со Австрија и Израел). Но така треба Австрија да освои четири, а Словенија шест. Она што е најтешко во оваа калкулација е тоа што би требало на Австрија да и нанесеме потежок пораз од нивната победа против нас од 1:4 во Скопје. Затоа на оваа втората и не треба да се надеваме многу.
Поедноставно би било вака:
Победа со Полска на гости, реми со Австрија во Виена и победа со Израел дома.
Ако против Полска одиграме нерешено или уште полошо ако бидеме поразени ќе треба да ја победиме Австрија (со поголема разлика од нивната победа од 1:4 во Скопје – ако изгубиме со Полска), секако и потоа Израел.
Има и уште неколку комбинации, меѓутоа вака изгледа наједноставната варијанта.
Зошто да не се надеваме и на три од три?
Фото: ФФМ