Александар Волкановски борецот со македонско потекло и УФЦ шампион во перолесна категорија до 66 килограми е во страшна форма и има скор 12-0 од влегувањето во УФЦ. Сега го очекува борба против роднината на Кабиб, Ислам Макачев.
Волкановски во главната борба на УФЦ 284 евентот (ноќта сабота кон недела) ќе се соочи со Ислам Макачев кој го држи појасот во категоријата до 70 килограми. Ако го победи Волкановски ќе стане само петтиот борец во историјата на УФЦ кој истовремено држи два појаси.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Што е уште поважно Волкановски ќе го зациментира статусот како еден од најуспешните во историјата на октагон. Каква би била тежината на победата на Волкановски во оваа борба ја коментираше УФЦ борецот и коментатор Мајкл Киеза.
„Нема соменвање дека во случај на победа над Макачев ќе се докаже како најголем П4П борец на денешницата. Да се доминира во дивизијата до 66 килограми на тој начин, а потоа да се победи Макачев една категорија погоре…Нема да може да се каже дека не е најдобар во историјата на УФЦ. Ако го победи Ислам ќе направи се што може да се направи“, ијзави валтерашот Киеза.
Волановски на 34 години има скор 25-1 како професионалец, досега ги победи легендата Чед Мендеш, Жозе Алдо и најимпресивно, Макс Холовеј дури трипати.