Во една од најпопуларните шпански спортски емисии „El Chiringuito“ беше објавена шокатна информација.
Наводно, Кристиано Роналдо го известил Флорентино Перез дека сака да го напушти Мадрид и тоа во јуни, оваа информација набрзо започнаа да ја пренесуваат и останатите спортски медиуми во оваа земја.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како што се пренесува Роналдо одбил продолжување на договорот бидејќи сака да ги напушти „кралевите“ во јуни наредната година.
Потоа се пишува дека Португалецот побарал од Перез да му ја олесни задачата. Наводно причината за ваквата одлука на Роналдо е понудата која ја добил од Реал која не му се допаднала и смета дека не е доволно почитуван во клубот.
За крај се додава и дека на Роналдо му пречело тоа што Реал се обидел да го доведе Мбапе изминатото лето.