Фудбалерот на Баерн, Лукас Хернандез неодамна беше осуден на една година затворска казна поради кршење на забрана за доближување.
Лукас и неговата сопруга имале жестока расправија во февруари 2017 година, а судот поради тоа го осудил Хернандез на 31 ден друштвена корисна работа и му забранил да се доближува до неговата сопруга шест месеци.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Меѓутоа овој пар бил повторно заедно. Неодамна се венчаа и поминаа меден месец во Мајами. После враќањето Лукас бил приведен на аеродромот во Мадрид и кратко бил зад решетки, додека Амелија не била уапсена.
Судот во Шпанија донесе одлука дека Хернандез мора во затвор. Фудбалерот денес доброволно се појавил во судот иако сослушувањето било закажано за утре. Тој пристигнал порано за да приложи жалба на одлуката на судот. Сепак, избрал затвор во кој ќе ја отслужи казната ако жалбата биде одбиена. Како и да е судот засега потврди дека тој мора најдоцна до 28. Октомври да се појави во шпанскиот затвор.
💥 ÚLTIMA HORA | @LucasHernandez ya se ha presentado voluntariamente en el juzgado para elegir centro penitenciario
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) October 18, 2021
📆 Lo ha hecho un día antes de lo requerido
🔐 Deberá ingresar en prisión en 10 días
🧑🏻⚖️ Está tramitando un recurso en la Audiencia Provincial
📻 #PartidazoCOPE pic.twitter.com/SXcajhSdVW