Дефанзивецот на Атлетико Мадрид и француски репрезентативец Лукас Ернандес во моментов е во центарот на вниманието поради неговиот евентуален трансфер во Баерн Минхен.
Медиумите тврдат дека Ернандес веќе се договорил со Баварците кои се спремни да ја активираат неговата откупна клаузула од 80 милиони евра.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Атлетико Мадрид прави се што е во негова моќ да го одложи тој трансфер до следното лето, но самиот фудбалер не ја исклучи можноста за трансфер во јануари.
„Одлично се чувствувам во Атлетико, но ако треба да заминам утре поради друг интересен проект, ќе размислам“, изјави Французинот.
„Во фудбалот влијаат многу фактори. Јас треба да ја донесам најдобрата одлука за мене, мојата кариера и моето семејство“, додаде Ернандес.
?⚽ Rodrigo, @diegocosta, @LucasHernandez y Thomas Lemar lo pasan en grande disfrutando del #FIFA19 de @EASPORTSEsp. ¡Ahora puedes jugarlo en cualquier parte! ?? pic.twitter.com/Bh2GVZzP2x
— Atlético de Madrid (@Atleti) December 20, 2018