Дома Фудбал Англија Лукаку се договори со Интер, Јунајтед ќе инкасира 75 милиони фунти

Лукаку се договори со Интер, Јунајтед ќе инкасира 75 милиони фунти

Белгијскиот напаѓач Ромелу Лукаку договорил трансфер во Интер, утрово пренесе британски Сан.

Сан пренесува дека е постигнат договор помеѓу Лукаку, Интер и Манчестер Јунајтед, а клубот од Олд Трафорд на име обештетување ќе добие 75 милиони фунти.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Лукаку долго време се поврзуваше со трансфер во Интер, а се чини дека сега се е готово. Со тоа, тренерот на Интер ќе го добие напаѓачот кој го посакуваше, Јунајтед парите кои ги бараше, а Лукаку нова шанса да ја врати клупксата кариера.

Лукаку со Нероаѕурите би требало да потпише договор на пет години и да заработува девет милиони фунти годишно. Токму толку ќе заработуваше доколку останеше и во Манчестер Јунајтед со оглед на тоа дека платите на сите фудбалери беа намалени откако клубот не се пласира во ЛШ.

Инаку, Сан пренесува дека добиените пари од продажбата на Лукаку, Јунајтед веднаш ќе ги искористи и ќе го донесе плејмејкерот на Борнмут Дејвид Брукс, за кој наводно ќе плати 50 милиони фунти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Детали за трансферот: Арсенал синоќа направи една од најголемите „кражби“ во историјата на Премиер лигата

Еберчи Езе синоќа одбра клуб во кој сака да ја продолжи својата кариера, а во игра беа Арс…