Неверојатен податок ни пристигнува од Англија.
Ромелу Лукаку со 24 постигнати погодоци е најдобриот стрелец во Премиер лигата на едно коло пред крајот, но прецизните англичани пресметаа дека и без головите на Лукаку Евертон би го освоил истото место, седмо.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Единствената разлика е што „карамелите“ не би имале 16 бодови повеќе од најблиските конкуренти, ВБА и Саутемптон, туку седум. Значи, не менува многу, тимот на Куман повторно би бил седми.
Секако, премногу површно е да се гледа вредноста на напаѓачот за тимот само преку неговите голови, но ова е навистина интересен податок.