Ромелу Лукаку игра во фантастична форма, а по головите против Мексико стигна до фантастичен рекорд.
Белгија и Мексико одиграа интересен натпревар и ремизираа со резултат 3:3, а два погодоци на овој натпревар постигна Ромелу Лукаку кој стигна до бројката од 30 погодоци во националниот дрес.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Со овие два погодоци Белгиецот веќе сега се израмни на врвот на листата најдобри стрелци во репрезентацијата на Белгија со Пол Ван Химстон и Бернард Ворхом.
По постигнувањето на овој фантастичен успех Лукаку изјави:
„Роден сум за ова. Сакам да постигнувам што повеќе погодоци. Мило ми е што го изедначив овој рекорд. Знаев дека ќе го направам ова. Сакам да станам рекордер пред Нова година… Се надевам дека оваа генерација на Белгија ќе освои некој трофеј“, изјави Лукаку кој веќе во вторник ќе има прилика да го сруши овој рекорд и да стане најдобриот стрелец во историјата на Белгија.