Дома Фудбал Останато „Лукаку може работи за кои другите напаѓачи не се способни“

„Лукаку може работи за кои другите напаѓачи не се способни“

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез верува дека Ромелу Лукаку има квалитети какви што други напаѓачи во Европа немаат.

Белгиецот во дресот на Интер постигна 40 голови на 51 натпревар во 2020 година, а неодамна изјави дека самиот себе се смета за еден од најдобрите пет напаѓачи во светот.

Дејан Димовски: Скопје троши 700 литри вода дневно по жител | Уште еден поткаст ↓↓↓


Судејќи според последната изјава слично мислење има и селекторот на Белгија.

Лукаку ми е слаба точка бидејќи го тренирав во Евертон и првите 24 натпревари ги играше под моја команда. Кога во прашање се неговите изјави, знаете како е тоа во медиумите – можете да кажете точна работа во 99 од 100 изјави, но таа една ќе се памети повеќе од останатите. Лукаку напредува одлично. Не гледам друг напаѓач во Европа кој е способен да ги прави работите што тој ги прави со топка, но и без неа“, изјави Мартинез.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Емери го пронајде идеалниот напаѓач, но дали 55.000.000 евра ќе бидат доволни?

Астон Вила официјално побара информации за можен трансфер на робусниот шпански напаѓач Сам…