Ромелу Лукаку блескаше во неговата прва сезона во дресот на Интер откако претходно немаше успешна епизода во Манчестер Јунајтед.
Уште во првата сезона Лукаку ги освои симпатиите на фановите на Интер, а беше избран за најдобар играч во Лигата на Европа што само е доказ во каква форма играше.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Белгиецот сега во интервју за италијанските медиуми опиша како се чувствувал додека бил дел од Јуанјтед.
„Пред една година во Англија јас „бев“ мрзлив, не трчав…Тука сите ме нарекуваат најголем работник за тимот. Напредокот сите можете да го забележите. Тие ми викаат дека сум тромав и дека не можам да се носам со брзата игра на Јунајтед. Сметав дека е направедно да се однесуваат така кон мене и донесов одлука за промена, очигледно не погрешив“.
„Големи заслуги што играм на едно поинакво ниво има Антонио Конте, тој добро знаеше што можам и како да го извлече најдоброто од мене“, изјави Лукаку.
Лукаку во првата сезона за Интер настапи на 51 натпревар и постигна 34 гола.