На Лука Јовиќ на почетокот од кариерата во Реал Мадрид не му оди онака како што очекуваше.
Јовиќ на „Бернабеу“ пристигна минатото лето после одличните настапи во дресот на Ајнтрахт, но вложените 60 милиони евра засега воопшто не ги оправдува.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Често пати медиумите во Италија пишуваат дека Реал го губи трпението со Јовиќ и дека веќе во јануари ќе го испрати на позајмица, меѓутоа српскиот фудбалер не е оптеретен со таквите пишувања. Јовиќ прави се за во иднина да се докаже во Реал.
„Среќен сум што сум тука и се надевам дека ќе добијам минутажа. Не е лесно за еден млад фудбалер да дојде тука. Сепак, имам самодоверба, верувам во својот квалитет и сигурен сум дека со текот на времето ќе добивам поголема минутажа. Еден од најголемите виновници што сум тука е Зидан, тој направи многу за да ме доведе“, порача Белгиецот.