Лука Модриќ вчера се приклучи на екипата на Реал во клубскиот камп, но тренигот кој го почна го заврши саат време порано од останатите.
Тогаш се појавија информации дека Модриќ заминал на состанок со првиот човек на клубот, Флорентино Перез за да разговара за можноста да го напушти клубот и направи трансфер во Интер.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, италијанска Газета Дело Спорт пренесува дека Модриќ денеска не се сретнал со Перез туку со човекот број два во Реал, Хозе Анхел Санчез и му соопштил дека сака во Интер.
Иако Модриќ е под договор со Реал, тој наводно има џентламентски договор со Перез, исто како што го имаше и Роналдо кој замина во Јувентус, а на вчерашниот состанок со Санчез наводно побарал што поскоро да се сретне со првиот човек на Реал. Наводно состанокот со Перез би можел да се одржи уште денеска или наредните денови.
Ако се верува на пишувањата на Газета, Модриќ е сериозен во намерата ова лето да направи трансфер во Интер кој му нуди договор на четири години вреден 40 милиони евра.