Дома Останати Кошарка Лука Дончиќ прв пик на НБА драфтот!?

Лука Дончиќ прв пик на НБА драфтот!?

„EСПН“ е еден од најдоверливите извори кога во прашање НБА, сега овој медиум објави свои предвидувања за драфтот во НБА.

Според нив прв пик на драфтот ќе биде неверојатниот Лука Дончиќ и ќе биде избран од Феникс Санс.

Street Workout Macedonia – Движење што гради сила, карактер и издржливост | Уште еден поткаст


Доколку оваа прогноза се оствари, Дончиќ ќе биде само вториот кошаркар од Европа кој бил прв пик. Пред него тоа беше Андре Баранини во 2006 година.

Престижниот американски медиум предвидува дека Словенецот ќе биде пред „NCAA“ сензијата Деандре Ајтон, но и Трај Јонг кој многумина го сметаат за наследник на Стеф Кари.

Фантастичниот 18 годишен Дончиќ играјќи за Реал Мадрид оваа сезона во Евролигата просечно постигнува 17.9  поени по натпревар.

Во продолжение ова се првите 10 пикови на НБА драфтот според „ЕСПН“.

1. Лука Дончиќ (Реал Мадрид)

2. Деандре Ајтон (Аризона)

3. Мохамед Бамба (Тексас)

4. Џарен Џексон (Мичиген Стејт)

5. Мервин Багли (Дајк)

6. Мајкл Портер (Мисоури)

7. Трај Јонг (Оклахома)

8. Вендел Картер (Дајк)

9. Колин Секстон (Алабама)

10. Микал Бриџес (Виланова)

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Вакво нешто не се гледа секој ден: Дончиќ и Џејмс синоќа направија чудо (Видео)

Kошаркарите на Лос Анџелес Лејкерси продолжија со неверојатната серија и стигнаа до седмат…