Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Луис Енрике: Ситуацијата со Мората е сериозна, треба да интервенира полицијата

Луис Енрике: Ситуацијата со Мората е сериозна, треба да интервенира полицијата

Селекторот на Шпанија, Луис Енрике ја коментираше ситуацијата пред дуелот со Хрватска на ЕП и демонстрираше силна верба во својот тим.

„Толку многу имам доверба во тимот што би можел да го пуштам на терен секој од 24-та играчи кои ги имам. Сите ми даваат гаранции, верувам дека ќе успееме да се пласираме во четвртфинале. Противниците се затвораат кога играат против Шпанија, затоа очекувам и Хрватска да го направи тоа“, истакна Луис Енрике, а потоа застана во одбрана на Мората.

Воздухот што нè убива: Зошто Скопје е меѓу најзагадените градови?


„Ситуацијата со Алваро Мората е толку сериозна што треба да интервенира и полицијата. Заканите кон семејството на Мората се нешто страшно и тоа е кривично дело кое мора да биде решено. Тоа не се наивни закани“, заклучи селекторот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Познато е кога ЦрвенаЅвезда го претставува Дејан Станковиќ

Српскиот тренер Дејан Станковиќ по вторпат ќе го преземе тимот на Црвена Ѕвезда од Владан …